Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати предложените одлуки за измени и дополнувања на програмата за поставување урбана опрема,за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на oпштина Охрид, за продолжување на работното време на угостителските објекти, за утврдување на потреба за донесување на проект за инфраструктура за пешачка патека „Канал Студенчишта – х.Парк“и за утврдување потреба за донесување на проект за инфраструктура за пешачка патека „ Табана – Канео – Лабино“ .
Советниците ги прифатија одлуките за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности, за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Градски гробишта“ за прием на работници на определено работно време, за давање согласност на Одлуката за изменување на Статутот на ЈП „Нискоградба“ ,за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП „Нискоградба“ за 2017 година и одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2477/1 КО Коњско.
На седницата не беа усвоени предложените одлуки за измен и дополнувања на програмата за поставување времени објекти и за утврдување на надоместок за поставување на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз. Извор: www.ohrid.gov.mk |