Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТАТУСОТ НА МЛАДИТЕ ВО ОХРИД Е ВРВЕН ПРИОРИТЕТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ
Untitled Document

Во насока на подобрување на статусот на младите луѓе од општина Охрид и нивна поактивна улога во општеството, Градоначалникот Бакрачески во својот Кабинет денеска оствари средба со  Димче Каневче, Претседател на Младинскиот Совет на Охрид.
На состанокот се разговараше за идната соработка помеѓу локалната самоуправа и Младинскиот Совет на полето на локалната младинска политика и партиципација со посебен акцент на вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки.
Од страна на Градоначалникот Бакрачески беше нагласен ставот дека во насока на подобрување на комуникацијата и соработката со младите од Охрид ќе се поттикне партнерскиот однос со младинските организации, со цел да се искористи нивниот потенцијал и искуство во подобрување на статусот на младите луѓе од општината. 

За таа цел, како прв чекор кој се реализира е формирање на Локален Младински Совет, кој ќе подготви локална младинска стратегија, која треба да ги артикулира потребите на младите и да одговори на предизвиците на локалната самоуправа за надминување на проблемите со кои се соочуваат младите од Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1238  пати
Објавено на: 04.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©