Во тек на улицата „Железничка“ се вршат активности за поставување на семафорски систем. Предвидено е семафорите да се постават на пресеците на ул. „Железничка“ со улиците „Егејска“ и „Кленоец“.
Ваквата активноста доаѓа како барање на жителите од овие улици и се очекува ваквото сообраќајно решение заначително да ја подобри безбедноста во сообраќајот на овој потег.
Комплетната вредност за реализација на овој проект изнесува 1 милион денари.
Извор: www.ohrid.gov.mk |