ЌЕ СЕ САНИРААТ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ НА ВЛЕЗОТ ОД ОХРИД. ТУРИСТИЧКА ЌЕ ДОБИЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ
Untitled Document
Наредниов период охридската локална власт ќе работи на расчистување на Влезот од Охрид и средување на Булеварот Туристичка ,истакна градоначалникот , Никола Бакрачески кој денес во придружба на Секретарот, надлежните од општинските сектори и директорите на охридските јавни претпријатија оствари неколкучасовна обиколка низ повеќе градски и приградски улици и локалитети во Охрид.
Деновиве Охридски Комуналец ќе го отстрани отпадот што несовесните граѓани го фрлаат, на самиот влез од Охрид, непосредно пред депонијата “Мауцхер“
“ Овој простор наредниов период ќе биде осветлен со рефлектори. Со намера да се искоренат лошите навики на охриѓани, по акцијата на чистење просторот 24 часа ќе биде контролиран од двајца комунални инспектори. Ќе се постават еластични браници и информативни табли со кои јасно ќе се укажува на забраната за фрлање отпад пред влезот на Охрид“, потенцира Бакрачески.
Во насока на поубав Охрид,надлежните од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, по барање на градоначалникот ќе работат на отстранување на контејнерите за отпад од пешачките патеки на Булеварот Туристичка и нивна замена со подземни контејнери.
Игралиштето за кошарка што е во непосредна близина на инфо -туристичкиот центар на Булеварот туристичка ќе биде среден и доопремен со уште еден кош.