Во согласност со годишната програма на Секторот за туризам и локален
економски развој е предвидено субвенционирање на дел од уплатената такса за
привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица
вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид.
Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во
регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во
oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во
својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП.
Барањата за субвенционирање треба да се достават во Секторот за туризам и
локален економски развој, најдоцна до 31 јануари 2015 год. за периодот од
01.07 до 31.12.2014 год. Подетални информации може да се добијат во
Секторот за ТЛЕР или на телефонскиот број 230 175.
Извор: www.ohrid.gov.mk |