Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија
и Фото клубот „ Охрид“ , вo рамки на одбележувањето на „ Зелената недела на
ЕУ-Инвестирање за позелена иднина“ , денеска во просториите на ЈОУДГ „ Јасна
Ристеска “" организираа изложба на фотографии .
Целта на овој проект е преку фотографиите да се јакне свеста за чување на
еколошките вредности и едукација на најмладите за потребата од грижа за
животната средина. По разгледувањето на фотографиите, дечињата од
повозрасните групи во ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ ги кажуваа впечатоците од
природните убавини на Охрид и Охридското Езеро, а нивните воспитувачи им
објаснуваа колку е важно тие да се чуваат, за да можат во нив да уживаат
идните генерации.
Извор: www.ohrid.gov.mk |