Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАНА МОБИЛНА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ДАВАЊЕ СТРУЧНИ СОВЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес во Секторот за туризам и локален економски развој ја промовираше мобилната канцеларија за давање стручни совети на земјоделците која ќе работи во рамките на Локалната самоуправа. Со оваа канцеларија, како што истакна градоначалникот Бакрачески, ќе се овозможи поквалитетна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и со другите институции поврзани со оваа област.

Земјоделците тука ќе можат да обезбедат неопходни информации, кои ќе им овозможат зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците за производство, конкурирање и искористување на домашните и на странските можности за финансирање во рамките на земјоделството. Исто така, во оваа канцеларија сите физички и правни лица ќе бидат во можност да добијат уверенија и потврди кои им се потребни како индивидуални земјоделски производители, а ќе се изготвуваат и описи, пописи и проценки на насади и поседи кои се во процес на експропријација.

Денешниот настан претставува реализација на дел од изборната програма за поефикасна општинска администрација,  со цел, зголемување на инвестициите што би овозможило нови вработувања, како и организиран настап и здружување на земјоделците.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  2033  пати
Објавено на: 06.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©