Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЦВЕЌЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ И ЗА ПЕНЗИОНЕРКИТЕ ОД ОХРИД
Untitled Document

Во пријатна празнична атмосфера со цвеќе и искрени желби за здравје, среќа и безгрижна иднина , градоначалникот Никола Бакрачески во хотелот Ривиера им го честита 8-ми март- Меѓународниот ден на жената на членките од   Здружението на пензионери од Охрид ,Јавното  Претпријатие  Комуналец , активот на жени “Мајки- газди“ како и на  припадничките од понежниот пол од затворот од Струга кои исто така прославуваа во овој хотел.

-Ова е ретка прилика кога можам на сите вас да  ви се заблагодарам за сето она што сте го направиле за ова Општество без разлика  од која професија доаѓате и без разлика на која позиција сте или се уште сте   во својот работен век. Ви благодарам за се она што сте го направиле во градењето на ова општество , почнувајќи од одгојот и градењето на семејството преку вашето учество во градење на образовните, културни и спортски  институции  а  со сето тоа сте допринеле во развојот на целокупната заедница. Ви благодарам за сето она што сте го направиле за нас- рече градоначалникот Бакрачески. 

На задоволство на членовите на Здружението на пензионери од Охрид, градоначалникот Бакрачески објасни дека Локалната самоуправа  напорно  работи на  иницијативите на ова здружение  за конечно во Охрид да се изгради пензионерски дом  каде што  тие  ќе можат да ги остварат своите права во поглед на здружување, организирање и секако рекреација како и за  целосно згрижување на лицата кои останатиот дел од животот ќе го поминат во вакви установи.

Во овој момент работиме на иницијативи  на Здружението на пензионери, од кои едната е со активно учество на Локалната самоуправа а втората иницијатива е обезбедување на простории за Клуб на пензионери во кој тие ќе можат секојдневно да се дружат, рекреираат и забавуваат. Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе го решиме просторниот  проблем со кој се соочува Здружението на пензионери од Охрид, потенцира  градоначалникот Бакрачески.

Инаку, во рамки на одбележувањето на 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, Градоначалникот Никола Бакрачески им подари цвеќе и на припадничките на понежниот пол вработени во Секторот за Внатрешни Работи во Охрид.    

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 08.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©