Градоначалникот Бакрачески во рамки на денешната обиколка на локациите
каде се изведуваат инфраструктурни зафати беше и во централното градско
подрачје за да се увери како течат завршните подготовки за предновогоднишно
украсување на градот. Воедно ги посети ново поставените тезги за продажба на
новогодишни реквизити и попатно оствари повеќе непосредни средби со
граѓаните.
Извор: www.ohrid.gov.mk |