Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТУРОПЕРАТОРИ И МЕДИУМИ ОД АЛБАНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
Untitled Document

Изминатиот викенд  градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со повеќе туроператори од соседна Албанија и претставници на позначајните албански медиуми. Посетата на Охрид е во организација на Секторот за ТЛЕР, претходно координирана со економскиот промотор на Владата на Република Македонија во Тирана, Фатос Мустафа, Општина Струга и ХОТАМ.

Целта на целодневниот престој во Охрид беше, гостите од Албанија да се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и да остварат поблиска соработка со овдешните туристички работници, со што би се извршила поголема промоција на Охрид во Албанија и реализација на заеднички пакет аранжмани, кои би опфаќале посета на туристички локалитети во Албанија и Македонија. Со тоа би  се остварила заложбата за регионален пристап во промоцијата на Охрид во поширокиот Балкански регион.

Средбата во Охрид претходно доби голем публицитет во албанските медиуми, а договорено е во текот на идната есен во Тирана, економските и туристички потенцијали на Охрид, да бидат промовирани пред бизнис заедницата на Албанија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1253  пати
Објавено на: 23.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©