Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Градоначалникот на Општина Охрид распишува:

К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ  ОПШТИНСКА НАГРАДА  - ПАТРОН НА ГРАДОТ  „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Во чест на празникот „Св. Климент Охридски“- патронот на Охрид, за 2016 година се распишува Конкурс за  доделување општинска  Награда –  патрон на градот „Св. Климент Охридски“.

Со Наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот и за нејзиниот севкупен придонес и афирмација во Република Македонија и во светот. Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Во пријавата треба да се достави: кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
Наградата патрон на градот – „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.

Конкурсот ќе трае заклучно со 20.11.2016 година, сметано од денот на објавувањето на истиот.  

Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
Пријавите да се доставуваат во затворен плик на адреса: 

Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57, ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
(со назнака „ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА  ПАТРОН НА ГРАДОТ- „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“).


КОНKУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

 Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува :

К  О  Н  К  У  Р  С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА  -  ПАТРОН НА ГРАДОТ  „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

 1. Во чест на празникот „Св.Климент Охридски“-  патронот на Охрид, за 2016 година се распишува Конкурс за доделување Повелбa – патрон на градот  „Св. Климент Охридски“.

2. Повелбите  се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината што претставуваат посебен придонес за развој на општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот, во изминатиот период  од една година до завршувањето на конкурсот.

3. Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

4. Во пријавата треба да се достави: кратка биографија и образложение  за какви остварувања се конкурира.  Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.

5. Конкурсот ќе трае до 20 ноември 2016 година. Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

6. Пријавите да се доставуваат во затворен плик на адреса:

 - Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака „ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА - ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1400  пати
Објавено на: 02.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©