Делегација на општина Зрењанин, предводена од одборникот Роберт Сабо,
денеска ја посети општина Охрид, при што се сретна со заменик-
градоначалникот Ангел Јанев.
На средбата, заеднички беше констатирано дека покрај воспоставената
соработка со општина Вевчани за заедничко чествување на Михајло Пупин, има и
простор за поблиска соработка со општина Охрид.Постојат реални услови за
соработка во областа на туризмот,спортот, културата и образвованието,
особено по пат на партнерски односи во користењето на претпристапните
фондови на Европската унија.
Посебно беше акцентирана можноста за соработка во образованието на
талентираните ученици и отворање на специјални регионални центри наменети за
нивна континуирана едукација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |