Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЛИЦАТА „ ПЕТРИНО“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ
Untitled Document

-На улицата „ Петрино“ поставена е нова водоводна мрежа во должина од 200 метри, во моментов се тампонира прекопаниот дел на оваа сообраќајница и по завршување на оваа работа ќе се започне со асфалтирањето- најави денеска градоначалникот Никола Бакрачески .

Градоначалникот Бакрачески, при обиколката на оваа улица, објасни дека определбата на новата Локална самоуправа е при изедувањето на инфраструктурните објекти, тие комплетно да се извршат, за да нема повторно прекопување или други интервенции кои претходно можеле да се направат. Со тоа, како што рече Бакрачески, се штедат средства, а објектите се градат според пропишаните стандарди и нормативи.

Денеска градоначалникот Никола Бакрачески, најави дека „ на улицата „ Крум Точков“ се заменети 900 метри водоводна мрежа, односно беа заменети старите азбесни цевки, извршено е тампонирање и дека и оваа улица набрзо ќе се асфалтира“

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1230  пати
Објавено на: 02.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©