Бизнис делегација од Катар од областа на градежништвото доцна попладнево
беше во официјална работна посета на Општина Охрид.
Катарските гости предводени од претседателот на градежната компанија
“Рамко“,г. Анвар Ал Кавасми и регионалниот менаџер Кхалдун Езудин, ги
примија заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, претставници од
Секторот за туризам и локален економски развој и од Секторот за
урбанизам при Општина Охрид.
На работната средба гостите добија податоци за Охрид по што пред нив
беа презентирани и неколку локации погодни за изградба на хотелски
капацитети . Гостите беа информирани и за проектот што се
однесува на скијачкиот центар а кој се планира да се гради на
планината Галичица.
Инаку, компанијата “Рамко“ е една од водечките компании во Катар,
односно холдинг кој има 32 компании во земјата и во странство со промет од
над 800 милиони долари.
Компанијата особено е заинтересирана за инвестирање во хотели со пет
ѕвезди.
Со претставници од Секторот за туризам и локален економски развој ,
гостите од Катар ќе ги разгледаат понудените локации во Охрид
погодни за изградба на хотелски капацитети.
Извор: www.ohrid.gov.mk |