Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИСТИГНА ПРВИОТ АВИОН НА ЛИНИЈАТА БАЗЕЛ – ОХРИД
Untitled Document

На охридскиот аеродром “Св. Апостол Павле“, вчера во попладневните часови, слета првиот авион на Визер на линијата Базел – Охрид. Според договорот кој е субвенциониран од државата до 2018 година, Визер до октомври годинава ќе лета двапати неделно на оваа дестинација.

Патниците, најголем дел од охридско-струшккиот крај, беа пречекани со македонското традиционално добредојде – леб и сол, а голем дел од нив не го криеја задоволството од воспоставувањето на оваа авиолинија.

Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на “ТАВ Македонија“ Зоран Крстевски, беа дел од малата свеченост во чест на отворањето на воздушната линија Базел – Охрид.

- -По авио линијата Охрид-Лондон, ова е втора линија која што во период од две недели се воспоставува до Охридскиот аеродром. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите актери за реализација на овој проект за редовни авиолинии кон Охрид почнувајќи од Владата на Република Македонија, „ТАВ Макеоднија“, компанијата „Визер“ и службите на локалната самоуправа - истакна Бакрачески.

Базел е втор град во Швајцарија што се опслужува од Охрид и е познат како центар во кој живеат и многу печалбари од охридско-струшкиот регион. - Оваа линија исто така ќе овозможи подолгорочен прием на патници од Македонија, но и патници кои ќе имаат потреба да ја користат оваа линија од туристички или за бизнис причини,  изјави Зоран Крстески директор на „ТАВ Македонија“.

Од “ТАВ Македонија“ очекуваат со  новите авиолинии до Базел и Лондон и чартер летовите до Холандија, Австрија и Белгија, значителен пораст на авиосообраќајот на аеродормот „Св. Апостол Павле“ во текот на летото.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1332  пати
Објавено на: 02.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©