Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВО УЗ 4, ДЕЛ ОД УБ 4.7, ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2014-2019 ПРЕДЛОГ ПЛАН
Untitled Document

СЕ СООПШТУВА јавна анкета и јавна презентација за Детален урбанистички план во УЗ 4, дел од УБ 4.7, опфат 2, општина Охрид, плански период 2014-2019, предлог план со тех. бр.186/14 од март 2016 год. изработен од А.Д. за урбанизам, проектирање и инженеринг – ЗУМ - Скопје.

1.Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план во УЗ 4, дел од УБ 4.7, опфат 2, општина Охрид е со површина од 18,13 ха и тоа во следните граници: - на исток границата на плански опфат се совпаѓа со источната граница на КП 14060 КО Охрид 3 - на север се движи по осовина на собирната улица „Васил Стефоски“, скршнува по границата на КП 4265 КО Охрид 4, осовината на улица „2“ и продолжува по осовина на собирната улица „Васил Стефоски“; - на запад по западната границата на речното корито на р. Даљан согласно ГУП на Охрид - на југ брегот на Охридското Езеро

2. Јавната анкета ќе трае од 30.03.2016 - 12.04.2016 год.

3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 06.04.2016 год. со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1389  пати
Објавено на: 05.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©