Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ВО ПОВЕЌЕ УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ
Untitled Document

Градежни активности на повеќе локации во Охрид

Во повеќе урбани заедници во Охрид, во моментов се изведуваат инфраструктурни зафати на екипи од јавните претпријатија. Во завршна фаза е изградбата на првиот дел од пешачката патека кон Горица, каде остануваат да се финишираат деталите од хортикултурното уредување.

Новиот кружен тек на пресекот од бул.“Туристичка“ и улицата “Бистрица“, наскоро целосно ќе биде ставен во употреба за сообраќај. Интензивно се работи на целонсо нов лик на  улицата “Питу Гули“, проект добиен со средства на Светска банка, каде во моментов се поставуваат сливници за атмосферска канализација. Во населбата Рача многу брзо ќе проработи нова светлосна и вертикална сообраќајна сигнализација.

Плажите на Сариште и во Пештани, ќе добијат нов атрактивен лик, уредени и збогатени со нови содржини.

Екипи на МЈП “Проаква“, ги привршуваат работите на новата водоводна мрежа на улицата “Сатеска“, со што значително ќе се подобри водоснабдувањето во овој дел од градот, а екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат приклучок на околните куќи на фекалната канализација долж улицата “Илија Смически“ во Лескоец и изградба на атмосферска канализација на улицата “Ристо Чадо“ со што се решава еден долгогодишен проблем на граѓаните.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 02.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©