Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ТРИЕСЕТ И ШЕСТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид, на денешната седница ги усвои Елаборатот за проценка на штета од снежните наноси од 29.12.2014 година и записниците за проценка на настанатите штети од пожар и невреме на подрачјето на општината  и исплата на еднократна парична помош. Беше прифатена и Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловна трговска зграда која вклучува и изградба на затворен зелен пазар.


На седницата беа прифатени и предложените одлуки за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на МЈП„Проаква“ Струга,  за давање согласност на Одлуката за донесување на ценовник за извршување услуги на МЈП„Проаква“ Струга РЕ „ Водовод“ Охрид, за давање согласност на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„ Охридски комуналец“  ,  за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ и за давање согласност на Одлуката за усвојување на ценовникот на услуги на ЈП„Нискоградба Охрид“

Од областа на урбанизмот беа прифатени одлуките за  усвојување на измените и дополнувањата на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2015 - 2017 година, за прифаќање на иницијативата за изработка на ДУП за Кп.бр.14628, Кп.бр.14630, Кп.бр.14626/1 и Кп.бр.14624 во КО Охрид 3 и  за донесување урбанистички план вон населено место за издустриска зона „ Мауцкер“, КО Долно Лакочереј-вон град, општина Охрид, плански период 2013 – 2023.

Беа донесени и предложените одлуки за за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект  на Кп.бр.599/2 КО Горно Лакочереј вон град, Кп.бр.210/1 КО Охрид 4, Кп.бр.1316/2 КО Долно Лакочереј вон град, Кп.бр.1322/1 и Кп.бр.1311/3 КО Долно Лакочереј, Кп.бр.1774/1 КО Долно Лакочереј, Кп.бр.2197 КО Долно Лакочереј, Кп.бр.2268/1 КО Долно Лакочереј,  Кп.бр.2662 КО Велгошти, Кп.бр.610/1 КО Долно Лакочереј вон град, Кп.бр.742/5 КО Косел, Кп.бр.743/1 КО Косел, Кп.бр.1311/5 и Кп.бр.1311/6 КО Долно Лакочереј вон град, Кп.бр.1330/1 КО Пештани, Кп.бр.1380 КО Лескоец, Кп.бр.1417 КО Лескоец, Кп.бр.1685/2 КО Велгошти, Кп.бр.1727 КО Лескоец, Кп.бр.1751 КО Љубаништа, Кп.бр.1819 и 1823 КО Лескоец, Кп.бр.2141 КО Велгошти, Кп.бр.2387/2 КО Велгошти, Кп.бр.2393/1 и 2394 КО Лескоец, Кп.бр.2423/1 КО Лескоец,  Кп.бр.2897/1 и Кп.бр.2896/1 КО Елшани, Кп.бр.3113 КО Коњско, Кп.бр.3223 КО Коњско, Кп.бр.3244 КО Коњско и на Кп.бр.1294/1 КО Лескоец.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1311  пати
Објавено на: 27.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©