Во насока на унапредување на спортот во градот и остварување на стратегијата на ЈП „Билјанини извори“ и локалната самоуправа за развој на спортот, денеска во соработка со Агенцијата за млади и спорт се одржа работна средба на која присуствуваа градоначалникот Никола Бакрачески, Александар Пујоски, директор на Агенцијата за млади и спорт и в.д. директорот на ЈП „Билјанини извори“ Иван Цветкоски.
Во Охрид многу малку се посветува внимание на организација на спортски кампањи со кои на младите ќе им се всади спортскиот дух од кој понатака ќе израснат врвни спортски таленти – истакна градоначалникот Бакрачески.
Градоначалникот додаде и дека целта на средбата е преку една координирана и постојана комуникација да постигнеме омасовување првенствено на спортот во Охрид а потоа да очекуваме и врвни резултати од нашите спортски друштва и спортски клубови.
Една од нашите активности е организација на училишни спортски лиги во рамките на општина Охрид , активност која ќе започне во септември оваа година и со тоа мислам дека ќе се даде значаен поттик на младите генерации да се насочат кон спортот – рече градоначалникот Бакрачески.
На средбата присуствуваа претседателите на највлијателните спортски екипни федерации во Република Македонија, Живко Мукаетов од Ракометната Федерација на Македонија, Илчо Георгиевски од Фудбалската Федерација и Дејан Лекиќ од Кошаркарската федерација на Македонија.
Градењето на партнерско пријателски односи, заедничка поддршка во организацијата на првенства, натпревари, кампови и турнири, заедничка апликација до фондовите на европските и светски спортски институции, промоција и поддршка во развојот на идните инфраструктурни проекти во СРЦ „Билјанини Извори“ , поддршка на Спортската академија и поголемо вклучување на охридските спортски работници во структурите на федерациите беа темите на кои се разговараше на денешниот состанок во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |