Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
2014-ТА ЌЕ БИДЕ ГОДИНА НА ИНВЕСТИЦИИ- НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА СРЕДБАТА СО РАКОВОДИТЕЛИТЕ И ДИРЕКТОРИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Untitled Document

Ве уверувам дека  2014 –та ќе биде година на инвестициони почетоци, година во која посигурно ќе чекориме по  една добро организирана патека,   им  рече  градоначалникот    Никола Бакрачески,  на сите директори од државните институции и раководители на подрачните министерства со кои денес оствари  средба по повод новогодишните и божиќни празници.

- Можам да ви кажам дека 2014 година ќе биде година која ќе е  запаметена по инвестиционите програми, година во која ќе има најмногу изведувачки работи. А ако се земе предвиденото за 2015 и 2016 година ве уверувам дека тоа ќе бидат едни од најдобрите  години во последниве 20  за сите охриѓани- рече градоначалникот.

Бакрачески истакна дека добрата соработка со институциите на локално и државно  ниво се многу битни за да се реализираат зацртаните планови.

- Резултатите што ги очекуваме   не зависат само од  општинската администрација туку и од  навремената и ефикасна соработка со вас. Многу од нашите, програми, проекти и активности се поврзани и се зависни од  нашата  меѓусебна тесна соработка и комуникација , додаде Бакрачески.           

На крајот од средбата Градоначалникот  на директорите и раководителите  им посака добро здравје, семејна хармонија и успеси на професионален план и им вети дека со сите нив ќе одржува   средби во континуитет на секои три месеци...

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1239  пати
Објавено на: 30.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©