Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛАЈОНС КЛУБОТ „ ОХРИД“ ОРГАНИЗИРА РАБОТИЛНИЦА ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Untitled Document

Во рамките на активностите на Лајонс клубот „ Охрид“ , денеска , за наставниците по англиски јазик во основните училишта,  се одржа работилница , која е дел од проектот за  „е- тестирање како помош при проверка на знаењето и реално оценување на учениците по овој предмет“.

На работилницата, за тестирањето во насока на поефективната проверка на знаењето  и користењето на веб- страницата www.angliski.mk која претставува  генератор на е- тестови по училишната програма за англиски јазик, зборуваше  членот на Лајонс клубот „ Охрид“ м-р Ангел Јанев од Образовниот центар „ ПИСИ“ . За откривањето на талентираните ученици за познавање на странски јазици, со нагласка на англискиот, пред наставниците презентација имаше Проф. Д-р. Љупчо Кевероски од Македонската асоцијација за работа со талентирани ученици.

Во рамките на овој проект, покрај работилницата, Лајонс клубот „ Охрид “ ќе овозможи најмалку 2 пати  месечно бесплатно користење на веб- страницата angliski.mk која  претставува генератор за тестови по англиски јазик за сите одделенија во основните училишта по училишна наставна програма.

Проектот на   Лајонс клубот „ОХРИД“, во соработка со локалните самоуправи и лајонс клубовите ќе се организира  во повеќе градови  во Република Македонија, а  ќе чини  околу 7.500 евра.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1351  пати
Објавено на: 26.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©