Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГИЈА, ВОДА И ЖИВОТНА СРЕДИНА
Untitled Document

На свеченото отворање на Првата  конференција  за земјите од Југоисточна Европа  за одржлив развој на системи на енергија, вода и животна средина- ЈИЕ  SDEWES, Охрид 2014, што започна вчера, во името на градот домаќин учесниците ги поздрави  заменик- градоначалникот Ангел Јанев.


-Охрид е развиен туристички центар,  но  и  град полн со можности за развој на високата, незагадувачка лесна индустрија од секторите на електротехниката, информатиката и енергетиката. Со  развојот на високото образовните, особено  во делот на техничките  науки, се овозможува лесно поврзување на  науката со индустријата, рече заменик- градоначалникот Ангел Јанев.


На првата конференција за одржлив развој на системи на енергија, вода и животна средина учествуваат екеспери и научни работници од Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Данска, САД, Франција, Словенија, Црна Гора, Холандија, Унгарија, Грција и Колумбија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1285  пати
Објавено на: 01.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©