Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ НА У.З "РАДОЈЦА НОВИЧИЌ"
Untitled Document

Како дел од редовните активностите на Градоначалникот Бакрачески за подобрување на транспарентноста на локалната самоуправа и приближување на работата на општината до граѓаните, денес беше остварена средба со жителите на У.З "Радојца Новичиќ".

На средбата, жителите од оваа урбана заедници ги изнесоа своите потреби, но дадоа и свои предлози со кои ќе се подобри квалитетот на живеење во оваа градска населба. Присутните граѓани искажаа задоволство од досега реализираните активности за подобрување на комуналната и патната инфраструктура во населбата, а Градоначалникот Бакрачески уште еднаш ги потенцира насоките за подобрување на вкупните состојби на урбаните и руралните средини.

Средбите со жителите на општина Охрид ќе продолжат континуирано. Идниот период ќе бидат посетени сите урбани и месни заедници кои егзистираат на територијата на општината и соодветно за секоја ќе биде изработена програма за подобрување на комуналните состојбите во нив, која етапно ќе се реализира од буџетот на општината и од други извори.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 15.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©