Деновиве работна единица „Паркови и Зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец спроведува пролетно средување на дрворедот по должината на улицата „Булевар Туристичка„. Оштетените дрвја се санираат, сувите и искршени гранки се отстрануваат, а крошните се оформуваат. Исто така се коси тревниот дел по должината на оваа улица на потегот од крстосницата кај Градскиот пазар до месноста Петља.
Согласно годишната програма за Јавна хигиена во доменот на вонредни активности,а по налог на Локалниот Инспекторат , Охридски Комуналец пристапи кон целосно чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј (во близина на Холандски Парк). Поради нискиот водостој во овој дел од крајбрежниот појас беа натрупани големи количини тиња, па пристапено е кон расчистување со употреба на механизација. Оваа активност ја спроведуваме
Во наредните два работни денови, по барање на Локалната самоуправа, Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе ја реализира акцијата за уредување и расчистување на поширокиот зелен појас околу Спортско- рекреативниот центар „Билјанини Извори„ каде треба да се отстранат сите жбунови, трње и да се подигне расфрланиот комунален отпад.
По иницијативата на локалната самоуправа за формирање нови 40 зелени катчиња, наредниве денови стручните служби на охридски комуналец ќе ги уредуваат зелените катчиња на ул.„Никола Карев„ и дворот на О.У.„Климент Охридски„.
Извор: www.ohrid.gov.mk |