По повод 7.ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, општина Охрид во соработка со Општинската Организација на Сојузот на борци на општините Охрид и Дебарца , организираат низа свечености со кои достојно ќе биде одбележан празникот.
Во очи на Денот, во среда (6.ноември) со почеток во 10 часот во продолжение на Холандскиот парк, во организација на Лајонс клубовите од Охрид ќе бидат засадени 43 бели рози.
Промоцијата на проектот „Рехабилитација на каптажите на водоводниот систем“ во селото Куратица ќе се одржи во среда (6.ноември) во 12 часот.
Во четврток (7.ноември) во 10 часот, со полагање свежо цвеќе во Спомен паркот на револуцијата ќе започнат активностите за одбележување на празникот.
Делегации на општина Охрид, цвеќе ќе положат и пред спомен бистите на борците Мите Богоески, пред Економското училиште, Петре Пирузе-Мајски, пред Општинскиот суд, Спомениците на Андон Дуков и Спас Банџов во градскиот парк, споменикот на Јасна Ристеска во село Рамне и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид.
Чествувањата продолжуваат со Историски час посветен на 7. Ноември на кој за значењето на Денот ќе зборува Никола Стефаноски, потпретседател на ОО Сојуз на борци за општините Охрид и Дебарца.
Програмата ќе биде збогатена со настап на културно уметничкото друштво при Здружението на пензионери од Охрид.
Свој настап ќе имаат и децата од „Распеано рибарче“
Во 18 часот, во спортската сала „Билјанини извори“ најмладите ќе одржат свечена приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Програмата Ви ја презентираме во pdf формат
Извор: www.ohrid.gov.mk |