Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЕРКИТЕ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ОД МАЛ ОБЕМ ВО ОПШТИНА ОХРИД – ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ
Untitled Document

Мерките што ги презеде Општина Охрид  за развој на туризмот во изминатиот период почнуваат да даваат резултати и се очекува тој тренд да продолжи.

Секторот за туризам и ЛЕР врз основа на извршените анализи утврди дека наплатата на туристичка такса за 2014 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем е зголемена за 13%, во однос на 2013 година. Тоа е добар показател кој укажува дека мерката за субвенционирање на 50% од уплатената туристичка такса дава конкретни резултати, а Општината Охрид преку секторот за ТЛЕР и во иднина ќе ги следи можностите за воведување и практикување на различни видови на стимулативни мерки не само за физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, а ги исполниле условите наведени во Правилникот за субвенционирање, туку и за целокупната угостителско-туристичка област како една од најзначајните развојно - економски гранки.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 15.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©