Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ИЗГРАДБА НА ДВОЈНИОТ КРУЖЕН ТЕК КАЈ ОХРИДСКА БАНКА
Untitled Document

Интензивно се работи на изградбата на двојниот  кружен тек на  крстосницата  на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Македонски поросветители“. Во завршна фаза е изгадбата на примарниот круг   со дијаметар 24 метри по што ќе се гради секундарниот, помал круг  со дијаметар од околу 3,5 метри. Веднаш потоа  ќе следува поставувањето на два асфалтни слоја , со што ќе заврши оформувањето на падовите на коловозните конструкции на кружната крстосница.
На овој простор веќе е  поставена нова атмосферска канализација од страна на ЈП „Нискоградба“ а изведувачот АД Илинден од Струга паралелно работеше на 5 од вкупно 7 фази за реализација на проектот. Покрај  градежните  активности  изминатиов период  се работеше  и на поставување на фундаментите за новото јавно осветлување на овој потег коешто ќе биде по највисока лед-технологија.Јавните охридски претпријатија во моментов  работат на поплочување на средишните разделни остова со бехатон-плочки.

Вкупната вредност на проектот  којшто општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка е   10.397 636,00 денари.
Градежните активности за изградба на оваа кружна крстосница запознаа на почетокот на месец септември годинава.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1316  пати
Објавено на: 11.11.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©