Во насока на креирање на Програмата за работа на Локалниот совет на млади при Општина Охрид за 2014 год., оваа недела Локалниот совет прибира идеи од младите луѓе во градот. За таа цел спроведуваме кампања под мотото „МОЈА ИДЕЈА, ЗА МОЈОТ ГРАД ДА БИДЕ ВЕЧНО МЛАД“, и отворено ги покануваме младите, односно и сите кои имаат идеи за тоа како да се подобри општественото живеење во нашиот град, а воедно и статусот на младите во општината, да ја напишат својата идеја да ја достават или во Архивата на општината со назнака за Локален совет на млади или електронски на нашиот маил: lokalensovetnamladi@ohrid.gov.mk
Извор: www.ohrid.gov.mk |