Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО НИЗА АКТИВНОСТИ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА
Untitled Document

На Денот на Европа, 9 мај, кога и официјално е остварена Шумановата идеја за обединета Европа и заложбите кон прогресивен пат за широка унија на европски нации во која ќе се почитуваат слободата и идентитетот на сите народи кои ја сочинуваат, се одржуваат мноштво активности кои ја приближуваат Европа до граѓаните и народите на Унијата.
На градскиот плоштад поздравен говор одржа градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески кој истакна дека е чест да се биде дел од европскиот дом во кој ќе делиме заднички вредности и заеднички идеи.

 

-Древниот Охрид е вистинското место од каде можеме  уште еднаш  да ги упатиме пораките за  чување на  цивилизациските вредности, како темел за развој на современите демократските процеси.  Низ вековите Охрид бил крстосница на цивилизациите и еден од столбовите на развојот на општочовечките хуманистички принципи. Токму затоа, убедени сме дека охридските длабоки и цврсти просветителски, културни и духовни корени, ќе бидат дополнителен, заеднички предизвик за забрзување на процесот за влез на Република Македонија во големото европско семејство.
Европскиот модел за национален придонес во градење на заедничките вредности, верувам дека најпрво ќе се почуствуваат во делот на културна идентификација, а Охрид со своите културно- историски посебности, потенцијали и капацитети може достојно да ја презентира нашата држава и нашите граѓани. Затоа, нескромно можеме да истакнеме дека од овде, од Охрид каде што се длабоки и цврсти европските цивилизациски вредности, се наоѓа најблискиот линк на Република Македонија со Европската Унија.
Денешното одбележувањето на  Денот на Европа во Охрид, го чуствуваме како чекор напред во забрзувањето на  македонските евроинтеграциски процеси. На локално ниво, интензивно ќе работиме на јакнење на капацитетите на локалната самоуправа, користејќи ги европските искуства. Уверени сме дека Општина Охрид,  меѓу првите ќе го почуствува бенефитот од реализирањето на заеднички проекти со европските партнери.
На крајот дозволете ми да Ви посакам пријатен престој во Охрид и заеднички да ги проследиме бројните настани организирани по повод Денот на Европа – рече градоначалникот Бакрачески.

Амбасадорите на Кралството Холандија, Н.Е. г-ѓа Мариет Шурман и Кралството Шведска Н.Е. г-дин Ларс Валунд со пригодна реч ги поздравија присутните.

 

Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ организираше повеќечасовна културно уметничка програма и ликовно изразување на учениците кои ги презентираа културите на земјите членки на ЕУ.

Програмата започна со настап на хорот при ОСУ „Св. Климент Охридски“. 

Културно уметничкото друштво „Ѓердан“ и КУД „Охриѓанка“  се претставија со сплет на народни игри.

Свои музички точки изведоа учениците од основните училишта „Христо Узунов„, „Методи Патче“, „Св. Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „Живко Чинго“ и „Братство Единство“.

Со музичка програма настапи и забавната група „Back Door Band“

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1238  пати
Објавено на: 09.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©