ОХРИЃАНИ ВО ЕУФОРИЧНА АТМОСФЕРА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ГИ БОДРЕА МАКЕДОНСКИТЕ КОШАРКАРИ
Untitled Document
Охриѓани , синоќа на Градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“ масовно и во еуфорична атмосфера , на големиот лед- дисплеј и во околните кафулиња , го следеа кошаркарскиот натпревар Македонија- Црна Гора. Тие од срце навиваа за нашата репрезентација , која доживеа несреќен пораз со еден кош разлика.
Во рамките на манифестацијата „ Да навиваме заедно за Македонија“ , што ја организира општина Охрид во соработка со Црвениот крст, ЈП „ Билјанини извори“ и другите општински јавни претпријатија, пред почетокот на кошаркарскиот натпревар Македонија- Црна Гора , се одржа мал саем на спортските клубови и презентација на спортови и спортски вештини, а активисти на Црвениот крст од Охрид, на специјално поставени штандови, за хуманитарни цели продаваа пијалоци и бесплатно делеа плашици.
На спортско- хуманитарниот хепенинг , кој завршува во петок , синоќа присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески, кој во еден дел на натпреварот и се приклучи на навивачката група „ Рибари“ и заедно со нив скандираше и ги бодреше македонските кошаркари.
Хепенингот продолжува и вечерва во 17 часот со ревијален натпревар во ватерпол меѓу ветераните од Охрид и Струга кај пристаништето и натпревари во училишен баскет во машка конкуренција, а во 21 часот на Градскиот плоштад заеднички ќе се следи кошаркарскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Литванија.