Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВРАЧЕНА НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА ПОЕМА
Untitled Document

Во рамките на годинашниве „ Прличеви беседи“ , денеска во Центарот за култура, на свечена академија, на охридскиот писател Славе Банар му беше врачена Повелбата за најдобра поема за 2014 година. На анонимниот конкурс на кој учествуваа петнаесет автори, жири  комисијата, за најдобра ја прогласи неговата поема „ Амбар“ .  

-Почестен сум  што  успеав преку оваа награда да ја продолжам жестоката традиција воспоставена од Прличев како еден од најголемите интелектуалци, автори, преродбеници, луѓе на кои се потпира Охрид и луѓе врз кои се гради се она духовно, креативно, едукативно во градот- рече лауреатот Славе Банар.

Претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, на добитникот на Прличевата награда  Славе Банар, му го чесита добивањето на ова високо признание и му посака добра мисла и творечка енергија.

„ Посебно не радува тоа што добитник на годинашанава  награда  е охриѓанецот Славе Банар  за  поемата „Амбар“ , истакнат автор, кој со ова дело, како што оценила стручната комисија, покажа дека , инспративно и посветено треба да се чекори по патот што го отвори големиот Прличев- рече Коњаноска.

Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература, како претседател на Комисијата за доделување на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Амбар“ истакна  дека е успешен обид преку сложен поетски израз да се направи спој на класичното и модерното, а истовремено да прозвучи ангажирано во однос на актуелниот ден.

На свеченоста настапи хорот од Центарот за култура „ Григор Прличев“  , а делови од поемата „ Амбар“ говореа артисти од охридскиот театар.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1346  пати
Објавено на: 05.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©