Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТРЕТИОТ ЈАВЕН ПОВИК НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ
Untitled Document

Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со општина Охрид, денеска одржа инфо- сесија за појаснување и обука за аплицирање за користење кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт- ап и спин- оф.

Фондот за иновации и технолошки развој го отвори третиот Јавен повик за доделување на средства преку  Инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. Со овој инструмент може да добијат средства  за микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог проект. За финансирање проекти под овој јавен повик, кој завршува на 1 август 2016 година, обезбеден е вкупен износ од 450.000 евра.

Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1351  пати
Објавено на: 27.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©