Согласно Законот за Угостителска дејност (Сл. Весник на РМ
бр. 62/2004, 89/2008 … 71/16) член 33 став 1 важноста на Решението за
извршена категоризација на угостителски објекти за сместување трае 3 (три)
години од денот на неговото изготвување.
Ве информираме дека доколку важноста на Вашето решение истекува или е веќе
истечено потребно е да се поднесе ново барање за утврдување на
минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена
категоризација на угостителски објекти за сместување.
БАРАЊЕТО се
поднесува во секторот за Туризам и ЛЕР со седиште во просториите над УНИ
банка (втори спрат).
За физичките лица кои ги исполнуваат условите согласно член 46 точка 1 и
точка 2 од Законот за Угостителска дејност односно изнајмуваат соби,
апартмани, станови и куќи за одмор до 10 (десет) соби или 20 (дваесет) легла
а воедно немаат решенија за категоризација или важноста на истите е
истечена, согласно законот ќе се превземаат соодветни мерки.
Подетални информации на тел. 046/ 230 175
Општина Охрид Сектор за Туризам и ЛЕР
Извор: www.ohrid.gov.mk |