Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БОГОЈАВЛЕНСКИОТ ВОДОСВЕТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ УТРЕ ВО ДЕСЕТ ЧАСОТ НА ГРАДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ
Untitled Document

Богојавленскиот водосвет на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник „ Богојавление- Водици“ , ќе се одржи утре на 19-ти јануари ( понеделник ) на градското пристаниште со почеток во 10 часот.Светиот крст во водите на езерото, годинава, наместо од брод, ќе биде фрлен од пристаништето „ кај колцето“ .

По повод празникот „ Богојавление – Водици“, на 19-ти јануари света архиерејска василева литургија ќе се оддржи во црквата „Св. Богородица“ - Каменско со почеток во 8 часот. Света василева литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во Охрид, освен на Плаошник. По завршувањето на литургиите, литиите ќе тргнат кон градското пристаниште.

Пред почетокот на богојавленското осветување на водите на Охридското Езеро и фаќањето на Светиот крст, во 9 часот присутните ќе можат да го следат настапот на градските хорови, а по завршувањето на  церемонијата, во 11 часот ќе настапи музичкиот ансамбл „ Билјана- Јуниор“ . Во 14 часот во месноста „ Сараиште“ ќе се одржи традиционалното масовно богојавленско крштевање.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1316  пати
Објавено на: 18.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©