Делегација на општина Охрид составена од заменикот градоначалник на Охрид Ангел Јанев и советникот Илјат Ибраим, во петок (17.10.2014 година), ја посети општината Пиран - Словенија.
Делагацијата, во името на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и во името на граѓаните на Охрид на градоначалникот на Пиран Петер Бросман го честитаа денот на градот Пиран. Му посакаа и успех на локалните избори во Словенија.
Воедно, оваа средба веше искористена за и за конкретни активности помеѓу општината Охрид и општината Пиран. На средбата учествуваа членовите на проектните тимови при општината Пиран. Тие ја информираа нашата делегација дека општината Пиран за 4 години успеала да донесе европски пари за проекти вредни 14 милиони евра.
- Во наредниот период да се заложат за да учествуваат во заеднички проекти.
- Факултетот за туризам од Пиран и факултетот за туризам Охрид да имаат проактивна соработка, за размена на студенти пред се, но и, да поведат заедничка иницијатива за овозможување на програма слична на ЕРАЗМУС програмата со Европа да остварат со САД.
- Делот од субвенциите кои македонската влада ги дава за странски туристи беше посебно интересен за градоначалникот Петер Бросман. Во насока на остварување на вакви можности и со туристите од Словенија кои би биле гости во Охрид но и во обратна насока. Во таа насока тие се обврзаа за активности со владата на Словенија во Љублјана. Во таа насока интересна е и можноста која се нуди за словенските туроператори за носење на гости од Словенија.
Тука беше и апострофирана и можноста за воведување на евтини летови кон и од Охрид до Словенија, посебно до аеродромот Пиран-Порторож.
Втората средба беше со директорот на аеродромот во Пиран-Порторож, Роберт Крајнц. Тој ја запозна нашата делегација со податотокот дека нивниот аеродром е трет по број на туристи во Словенија. Во таа насока на овој аеродром можат да слетуваат авиони до 70 седишта. Во интерес на корисна соработка, се договорија следните активности:
- Во најбрз можен рок делегацја од Пиран со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески да договори потребни активности во насока за можност за евтини летови на релација Порторож-Охрид и обратно и доколку има можност да се реализира лет Љубљана-Охрид.
- Во таа насока, да се остварат поврзувања на тур-оператори од Словенија со Охридските хотелиери,
- Во слична насока е можност за нудење на Охрид како туристичката дестинација на туристи од Русија како пакет аранжмани.
Домаќини на делегацијата од Охрид во Пиран беа и директорката на Основното училиште „СЕЧОВЈЛЕ“, Мирела Флего како и нејзината соработничка Мирјана Чернетич. На оваа средба беа и две деца од македонија – Радовиш кои се ученици во ова училиште. Беа договорени неколку активности меѓу кои се:
- Соработка со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски – Охрид“
- Еден видео час и видео конференција со деца од иста возраст од овие училишта
- Евентуална можност за мегусебна средба.
- Во првата прилика во месец ноември во Охрид ќе има мегународен семинар за директори на основни училишта и тогаш да се остварат средби со директори на основни и средни училишта од Охрид
Делегацијата од Охрид оствари средба и со помошникот директор на градинката „СЕЧОВЛЈЕ“, Урош Шавец. И на оваа средба беше констатирана потребата од можност за меѓусебна комуникација. Договорено е да во наредните 30 тина дена на конференциска врска се дружат децата од предучилишна настава од Пиран со децата од истата возраст од Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |