Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕКТОРОТ ЗА КОМУНАЛЕН РАЗВОЈ СООБРАЌАЈ И УЛИЦИ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА
Untitled Document

Поради поголема ефикасност и координираност со останатите сектори во општина Охрид и по барање на градоначалникот Никола  Бакрачески, Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици од денеска и официјално има нова местоположба и тоа во зградата на општина Охрид во поранешните простории на одделението за поддршка на Советот на општина Охрид, Секторот за спорт млади и невладини огранизации и одделението за заштита и влијание врз животната средина кои пак се преселија во поранешните просториите на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта кои се наоѓаат на вториот кат во зградата над општинската организација на Црвен крст. Исто така таму ќе функционира и просторијата намената за членовите на Советот на општина Охрид.


Оваа одлука на Градоначалникот Бакрачески кореспондира со неговите намери за поголема екипираност на општинската јавна администрација и зголеменото ниво на координираност помеѓу сродните служби и сектори во општината.


Како што веќе истакнаа од Секторот за комунални дејности,есенва во Охрид започнуваат  значајни и витални инфраструктурни проекти за коишто ќе е потребно зголемено ниво на координација и соработка помеѓу секторите во општината коишто веќе го подготвија теренот за отпочнување на конкретните проекти.


Од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици напоменуваат дека граѓаните повторно ќе можат да ги извршуваат редовните консултации со стручните лица и да ги пријавуваат своите комунални проблеми на ново лоцираното место на секторот.


 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 16.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©