Градоначалникот Никола Бакрачеси денеска имаше прва протоколарна средба со неодамна именуваниот амбасадор на Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун.
На средбата, заеднички беше оценето дека Република Македонија и Република Кина имаат одлични меѓудржавни односи, кои се добра основа за соработка меѓу градови од двете земји. Позитивно беше оценета досегашна соработка меѓу градот Далиан и Охрид и беше предложено да се воспостават пријателски односи со градот Шенжен.
Градоначалникот Бакрачески го запозна амбасадорот Џеншун со можностите на Охрид за соработка во областа на туризмот, културата, стопанството, образованието и другите сектори. Амбасадорот на Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун вети дека ќе се заложи кај кинеските тур-оператори кои оперираат во Европа за вклучување на Охрид во некоја од кружните тури.
Во разговорите на кои присуствуваа директорот на фестивалот „ Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и музичкиот селектор Гордана Јосифова – Неделкоска, беше оценето дека охридскиот фестивал има одлична соработка со кинеските уметници. Во рамките на годинашното издание на фестивалот „ Охридско лето“ на 28 јули ќе настап светски познатиот кинески виолинист Нинг Фенг, а на 19 август концерт ќе има Симфонискиот оркестар од Шенжен.
Извор: www.ohrid.gov.mk |