Општинското јавно претпријатие „Градски гробишта“ ги известува граѓаните кои поседуваат односно се старатели на гробни места во Градските Гробишта Охрид,а кои не го подмириле надоместокот за одржување дека ЈП Градски Гробишта од 01.12.2013г ќе почне со утужување на заостанатите долгови поради можноста од застарување на побарувањата.
Ги молиме граѓаните благовремено да ги подмират своите долгови кон ЈП Градски Гробишта како би избегнале дополнителни судски, нотараски и други трошоци – стои во известувањето на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.
Плаќањето може да се изврши во административните простории лоцирани во Градскиот Пазар и административните простории лоцирани во кругот на Градските Гробишта секој работен ден од 07 до 19 часот, а во Градските Гробишта и во сабота и недела од 07 до 13 часот.
За дополнителни информации граѓаните можат да се обратат на тел.046 267-268.
Извор: www.ohrid.gov.mk |