Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОТИВНА ТУРА ОХРИД 2015
Untitled Document

Туроператори,  претставници на туристички агенции и медиуми од повеќе  европски земји кои се дел  од  „Промо-турата“ што од 2. до 5. април ќе се одржи во Охрид, во  петок  во 10 часот во зградата на Општина Охрид   ќе имаат  работна средба со претставници од  локалната самоуправа .


На промо - турата која се одржува втора година по ред, ќе учествуваат  претставници на медиуми од Турција, Русија, Словенија и Србија, како и претставници на туроепратори,туристички агенции и туристички работници од Израел, Унгарија, Украина, Австрија, Бугарија и Србија. Исто така учесници ќе бидат и претставници од турската авиокомпанија Jetlife.


  Учесниците на промо- турата   предвидено е  да ги посетат сите знаменитости на градот и околината, да се запознаат со туристичкиот потенцијал на охридскиот регион,како и да остварат посета на хотелските капацитети на Охрид и средби со нивните менаџменти. Целта е Охрид и неговиот туристички потенцијал да биде промовиран во нивните медиуми, како и склучување  директни договори за нови туристички пакети и аранжмани и вклучување на Охрид во поширокирегионални туристички понуди. Воедно, со учесниците на   промо -турата  ќе се разгледуваат и можностите за отворање новиавио линии до Охрид.
Промо - турата   ја организира  Секторот   за туризам и локален економски развој при Општина Охрид. Со организацијата на овој настан локалната власт  става акцент на новиот пристап  на промовирање на туристичкиот потенцијал на Охрид.

Во таа насока во тек е  подготовка на нови идејни решенија за туристичко лого и слоган за Охрид,коишто во иднина би се употребувале во сите промотивни кампањи.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1329  пати
Објавено на: 01.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©