Општина Охрид во соработка со Општинската организација на сојузот на
борци од Охрид на 21 септември ( понеделник), традиционално со
пригодна свеченост ќе го одбележи Меѓународниот ден на мирот.
Активностите ќе започнат во 11 часот на градскиот плоштад „Св. Климент
Охридски“ со настап на најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ .Во исто време
од пред дирекцијата на Сојузот на борци ќе започне годинешниот мировен марш
под мотото „Ветераните чекорат за мир“ . Централното случување ќе биде
на градскиот плоштад точно напладне каде пораката за мир од
Генералниот секретар на Обединетите Нации , Бан - Ки Мун ќе ја прочита
актерот од Народниот театар при ЦК „Григор Прличев“, Ивица Цонев.
На настанот свое обраќање ќе има претставник од општина Охрид и од Сојузот
на борци а е предвидена и културно уметничка програма на која ќе учествуваат
децата од општинските основни училишта од ОМУ „Методи Патчев“,згрижените
во градинката „Јасна Ристеска“ и изведувачи од детскиот фестивал „Распеано
Рибарче“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |