Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод Велигденските празници , упати честитка до граѓаните , со искрени желби , најголемиот  христијански празник Христовото Воскресение- Велигден, да го прослават во атмосфера на среќа и  радост во срцата.

-Христовото Воскресение- Велигден е голем и свет ден,празник кој ни  ги носи радоста, блаженството и спокојот и не учи тоа да го споделуваме  со нашите ближни, роднини, соседи  и пријатели. Велигден е ден кога со радост го славиме животот, вербата и надежда, кои извираат од секој храм, од секој дом и од срцето на секој верник. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу себе и меѓу сите луѓе на светот.Овој свет ден не потсетува на потребата својот живот да го поминеме исполнети со љубов и духовен мир, со почит кон блиските , но и со толеранција и разбирање кон другите. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов и  да правиме добри дела  преку кои ќе ја потврдиме смислата на нашето живеење.

Нека ни е честит Великиот ден на Воскресението Христово- Велигден, нека не испони со сила, верба и благослов и нека не води по патот на чесноста и праведноста. Деновиве на празнување нека ни поминат со радост и  среќа, а домовите нека се полни со весели и насмеани луѓе кои со полни срца го чествуваат Воскресението Христово, се вели во велигденската честитка на градоначалникот Никола Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1357  пати
Објавено на: 10.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©