Во екот на активностите пред престојната туристичка сезона, општина Охрид со своите стручни служби превзема низа активности со цел на адекватен начин да се направи припрема за сезоната што следува.
Во изминатиов период Локалната самоуправа формира комисија од еден електроинженер, еден градежен инженер и правник со цел да се утврди состојбата на плажите според концесионерските договори и да оценат дали се почитува се она што е предвидено во концесионерските договори .
Таа комисија достави до нас извештаи и една збирна анализа во која влегуваат 17 плажи од кои за 14 е веќе потпишан концесионерски договор за 3 не се појави интерес од страна на правните и физички лица и во овој момент имаме припремено оглас за издавање под концесија на уште 4 плажи за кој се чека согласност од Министерството за транспорт и врски – истакна градоначалникот Бакрачсеки.
Целта на денешниот состанок со концесионерите ќе биде уште еднаш да им се укаже дека ќе треба да се придржуваат строго до правилата и критериумите од тие концесионерски договори како и со нивни предлози и сугестии да се подобри туристичката понуда на градот.
Ќе побараме од концесионерите на плажите посебно внимание да обратат на безбедноста на корисниците на плажите односно безбедноста на капачите на плажите посебно во делот на придржување на правилата односно лимитирање на движењето на скутери глисери и други пловни објекти – рече градоначалникот Бакрачески.
Градоначалникот Бакрачески апелираше да се внимава и на оние делови од плажите кои имаат платформи за сончање или мостови каде се спроведува електрична енергија да се води сметка доколку таа струја има контакт со вода да биде со напон од 12 волти и строго придржување до мерките за безбедност за спроведување на електричните инсталации за да не дојде до несакани настани.
Претставниците на Капетанијата на пристаништето во Охрид и Министерството за транспорт и врски на овој состанок укажаа на обврските кои произлегуваат од Законот за внатрешна пловидба кој предвидува и Правилник за капалишта.
Во претходните години постоеа одредени аномалии и токму во овој момент од она што јас го гледам и сакам да посветам најголемо внимание се платформите кои се изградени на вода и нивната состојба бидејќи имавме едeн повисок водостој на езерото така што доста од тие платформи се во една незавидна ситуација која може да биде сериозен извор на опсаност за капачите – додаде капетанот наОхридската Капетанија Горан Устијаноски.
На денешниот работен состанок со концесионерите присуствуваше и секретарот на општина Охрид Димитар Спасески кој во своето излагање истакна дека потребно е охридските плажи да располагаат со елементарните комунални услови и инфраструктура со што нема да бидат исполнети само барањата наведени во концесионерските договри туку ќе бидат задоволени и очекувањата на гостите во поглед на условите и услугите на ривиерата.
Извор: www.ohrid.gov.mk/p> |