Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ УЧЕСТВУВА НА ДУНАВСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески учествува на  годинашната Дунавска конференција за водите, што денеска и утре се одржува во Виена, Австрија.На конференцијата, на која има 160 учесници од 15 земји се разговара за одржлив развој на  Дунавскиот  басен и за обврските за хармонизирање на  домашните законодавства на земјите кандидатки со европските стандарди  предвидени во основниот документ за заштита на водите, Europian acquis comunauture.

Посебен акцент, на конференцијата ќе биде ставен на прашањето како владите и невладините организации на национално и локално ниво  можат да го зајакнат процесот на придружување и членство во Европската унија.
Конференцијта  ја организираат Дунавската програма за вода ( IAWD), Светска банка и Отворениот Регионалн Фонд за Југоисточна Европа "GIZ", а е спонзорирана од владите на Австрија, Германија и Швајцарија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1361  пати
Објавено на: 12.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©