Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
САНИРАНИ И РЕКОНСТРУИРАНИ ПОТПОРНИТЕ ЅИДОВИ ВО НАСЕЛБАТА КАНЕО
Untitled Document

Во завршна фаза се активностите за разубавување на населбата Канео што Општина Охрид ги започна пред околу еден месец. Изминатиов период  надлежните служби од  ЈП “ Градски гробишта “ работеа на санирање и реконструкција на потпорните ѕидови, а се изврши поправка на патеките кои од главниот пат што е во  непосредна близина на црквата Св. Јован – Канео водат кон кафеаните  и плажите “Канео“ и “Потпеш“. Деновиве во населбата  Канео, завршува и поплочувањето на  една  од  уличките -  сокачињата во должина од  35 метри.  Поплочувањето е благороден чин со оглед на тоа што вредните мајстори носат автентични камења од горниот дел на населбата и непосредно пред редењето рачно ги обликуваат .

Инаку  според предвидениот план на локалната самоуправа за уредување  на населбата Канео, старите улични канделабри и фенери треба да  бидат заменети со нови кои ќе бидат во склад со спецификите на старото градско јадро.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 02.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©