Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБУКА ЗА НАПРЕДЕН СПОРТСКИ МЕНАЏМЕНТ
Untitled Document

Во организација на Македонскиот олимписки комитет,Општина Охрид и Националните спортски федерации, денеска се одржа обука за напреден спортски менаџмент. На обуката на која присуствуваа спортски работници од Охрид, беа опфатени областите за менаџмент и управување со човечки ресурси, управување со финансии, спортски маркетинг, , вештини во менаџментот и носење одлуки, селекција на спортисти, конфликт на интереси и решавање на конфликти во спортот.

-Ја користам оваа прилика да Ве потсетам дека Охрид како град одсекогаш го нудел она што им е потребно на спортистите: убава атмосфера, чист воздух, здрава околина, прекрасни домаќини, но  и расположива спортска инфраструктура. На располагање на многу домашни и странски екипи е спортскиот центар „ Билјанини извори во кој покрај спортската сала, отворениот базен, фудбалскиот стадион има помошни фудбалски терени со природна и вештачка трева, надворешни кошаркарски и одбојкарски игралишта и тениски терени.Има неколку училишни спортски сали како и бројни , планински пешачки и велосипедски патеки и мали улични терни за мали спортови. Моментално во напредна фаза е изградбата и на затворениот пливачки олимписки базен кој на некој начин ќе ја заокружи понудата за потребите на градот, учениците и спортистите и на многу спортски екипи од странство. Ракометната и кошаркарската екипа од Охрид оваа година постигнаа одлични резултати кои се дополнителен поттик за натамошен развој на спортот- рече во поздравното обраќање заменик градоначалникот Ангел Јанев.

На почетокот на обуката се обрати и претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски, кој рече дека оваа форма на едукација на спортските работници е проверена практика за успешно функционирање на спортските екипи и остварување на високи спортски резултати.

„Навистина, изненаден сум од одзивот и интересот за семинарот во Охрид. Ние сакаме во секој град од Македонија да одржиме предавања на овие теми кои се од важно значење за спортот и да ги поттикниме сите чинители во спортот, упорно и просперитетно да работат за неговото добро. Охрид како домаќин го одбравме затоа што градот е во голем спортски подем. Екипите бележат врвни резултати, а Охрид инфраструктурно напредува како никогаш до сега. - потенцираше првиот човек на МОК, Васил Тупурковски.

Покрај обуката за напреден спортски менаџмент, се оджа и работна средба на  експери од оваа област од Македонскиот и Албанскиот олимписки комитет, на која присуствуваа претседателите Васил Тупурковски и Вирон Безхани.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1421  пати
Објавено на: 23.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©