По повод почетокот на рамазанскиот пост, градоначалникот Никола
Бакрачески, до верниците од муслиманска вероисповест, упати честитка во која
им посака здравје, среќа и семејна хармонија.
Искрено
Ви го честитам почетокот на триесетдневниот рамазански пост и Ви посакувам
да го поминете во духот на универзалните човечки вредности, како што се
меѓуверската толеранција,взаемното почитување и афирмација на солидарноста и
духот на единството меѓу сите луѓе. Нека овој месец Ви биде во знак на почит
кон семејството, имајте многу здравје, љубов, бериќет и меѓусебно
почитување- се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески,
испраетена до верниците од муслиманска вероисповест.
Извор: www.ohrid.gov.mk |