Делегација на Здруженијата на Eгипќаните од Охрид, предводена од г-дин Демир Далип и г-дин Петрит Хусеин, беше примена од страна на Градоначалникот на општина Охрид др. Никола Бакрачески.
Во текот на разговорите, Градоначалникот Бакрачески беше запознат со планираните активности на организациите на Египќаните од Охрид и со проблемите со кои се соочува ова етничка заедница. Беа разгледувани модалитетите со кои општина Охрид има можности на оваа заедница да и понуди поддршка во остварување на нивните интереси.
Извор: www.ohrid.gov.mk |