Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ ДОМАЌИН НА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СЛОВЕНИЈА
Untitled Document

Во рамките на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци, две недели ОУТУ „Ванчо Питошески“ беше домаќин на пет ученици и еден професор-ментор од партнер училиштето - Центарот за биотехника и туризам од Ново Место – Словенија. Учениците и професорите заедно ги разменуваа искуствата и стекнатите знаења.

Готвачите во кабинетот по готварство подготвуваа и сервираа различни видови храна: пилешко, свинско и телешко месо, јадења на скара, рибина чорба, риба на охридски начин, селско месо и тавче гравче. Во кабинетот по угостителско послужување, келнерите: составуваа мени за банкет од протоколарен карактер, кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија банани, кувертираа ресторанска сала по ала карт, се запознаа со винските региони во Македонија како и  запознавање и навлегување во светот и тајните на кафето. Преку тимска работа заедно потоа кувертираа  маси по ала карт и подготвуваа коктел партија во хотелите „Милениум Палас“, „Ројал“ и „Тино“. Хотелско-туристичките техничари практичната настава ја изведуваа во хотел и туристичка агенциија: се запознаа со туризмот и хотелските услуги, агенциското работење, со различната култура и различните методи за работа за составување на туристички аранжман, составување договори од областа на туризмот како и запознавање со промотивните материјали за охридскиот регион.

По наставата беа организирани еднодневни посети за запознавање на културно-историското наследство и природните убавини на градот Охрид: манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ и наколното живеалиште „Залив на коските“, охридската чаршија, печатницата, оригиналните охридски бисери, Стариот дел од градот, возење со катамаран по Охридското езеро, охридската винарија како и посета на театарска претстава. За време на викендите еднодневните екскурзии во Крушево, Битола, Ресен, Македонски Брод, Струга и Вевчани имаа рекреативен и едукативен карактер. Двете училишта за многу кратко време, повторно ќе се сретнат на меѓународниот натпревар „Гатус 2015“ во Македонски Брод. На крајот се одржа македонско-словенечки коктел на којшто беше истакното огромното задоволство и успехот на оваа плодна соработка на двете партнер училишта, преку доделување на сертификатите, со желба за што поголеми успеси како и посета на Словенија во рамките на проектот Еразмус плус.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1347  пати
Објавено на: 26.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©