Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕТНО ЗВУЦИТЕ ЌЕ ГО МИЛУВААТ АНТИЧКИ
Untitled Document

Во организација на општина Охрид и под покровителство на Градоначалникот Никола Бакрачески, една од најпопуларните македонски бендови, групата  Љубојна, ќе настапи на целовечерен концерт на Антички театар, чиј влез е слободен за сите вљубеници на македонскиот мелос со современ ритам. Од 2001 година креирајќи ја современата музичка сцена, групата Љубојна се занимава со градењето на популарен македонски музички јазик , а на седми овој месец пред големиот празник Свети Климент летен, кога се слави заштитникот, патронот на градот ќе настапи на фантастичниот амбиент на Антички театар.

Концертот кој ќе започне во 22 часот,   најавен  како спектакл, со многу музичари, и гости на сцена ќе преставува и промоција на албумот на групата, Љубојна brass fantasy. Публиката на бесплатниот концерт   на етноџез-составот  ќе може да ужива во познатите песни меѓу кои и  „Твојте очи Лено“, „Мори чупи костурчанки“, „Kрена Мартината“ и други.
Младиот струмичанец Џамбо Агушев, кој ја има тутулата  „прва труба на светот“, ќе биде гостин на концертот а програмата ќе биде збогатена и со настап на играорците од КУД Илинден од Битола.

„Не постои поубава и повесела музика од онаа која што ја носиш во срцето“.  Љубојна brass fantasy ја пренесува оваа порака до секој негов слушател.  Преку продорниот и лиричен звук на познатите егејски брас оркестри, допира до сечија душа, онака енергично, но и боемски меланхолично.  Музиката по карактер е "севда". Антологија на најпопуларните љубовни бисери која сведочи за радоста на едно медитеранско поднебје (Јужна или Егејска Македонија-денешна Северна Грција), исполнувајќи го секој празничен ден на Македонците кои живееле тука до средината на минатиот век. Грција прокламирајќи национална "чистота", колку што успева овие места и луѓе да ги збрише од оваа територија (живо присутни до последната педа на овој дел од Македонија), толку повеќе и остава простор на музиката, како единствена преживеана духовна нишка, да расте со немерливи размери.

-За жал ние ја познаваме како "музика од зад границата". Богатството од измешаните континентални и морски влијанија и дваат рафиниран слатко-солен вкус на оваа музика меѓу Истокот и Западот. Испреплетените нерамноделни ритмови, типични воопшто за македонската музика, ја доближуваат до мало-азиско, афричкото тло.  Го има "грувот" на балканска музика, но музичката боја на Македонија во која се впиени силни снопови од сончеви зраци.  Пулсира и маршира, небаре оркестрите од Њу Орлеанс, во еден медитерански манир, на воено и љубовно, и кафеански и химнично. Ве разигрува со истата свежина и енергија, исто како што во минатото ги "разигрувала" улиците за време на свечените и свадбените денови, велат членовите на Љубојна.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1326  пати
Објавено на: 06.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©