Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ОГЛАС: ПРОГРАМА ЗА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА
Untitled Document

Програмата Општинско Корисна Работа претставува активност на долгорочно невработени лица која им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време – 20 работни часа неделно, со бруто надоместок од 6200 денари, со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.
Општина Охрид распишува оглас за ангажирање на 11 лица на следните работни позиции:

Воспитувач – 3 извршители со завршено високо или вишо образование (филолошки факултет група педагогија, предучилишна)
Неговател – 3 извршители со завршено средно образование
Социјален работник – 1 извршител со завршено високо образование
Педагог – 1 извршител со завршено високо образование
Психолог – 1 извршител со завршено високо образование
Правник – 1 извршител со завршено високо образование
Техничко лице, средно образование – 1 извршител

Општи услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се следните:

Да се државјани на Р.Македонија
Физички и психички здрави
Да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

Да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против полова слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со закон е утврдено дискриминирачко однесување

Пријавените кадидати треба да ги исполнуваат горенаведените критериуми согласно работното место за кое аплицирале. Предност ќе имаат кандидатите кои исполнуваат некој од следните критериуми, односно доколку се:

жртви на семејно насилство
лица кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа
самохрани родители
роми
невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година
млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
родители на деца со пречки во развојот
родители на 3 и повеќе деца

Лицата кои се корисници на социјална помош не му се укинува истата.

Кандидатите треба да достават пријава и изјава кои ќе можат да ги подигнат и достават во Агенција за вработување во канцеларија бр.3 на 1ви спрат.

Рокот за доставување на пријавите трае  од денот на објавување на огласот од 15.05.2015 година до 22.05.2015 година.

Ненавремените и некомплетни пријави нема да бидат земени на разгледување.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 15.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©